Поддршка на Истражувачко-аналитичките центри на политичките партии

Истражувачки и аналитички центри

Во партнерство со четирите политички партии кои имаат Истражувачко-аналитички центри (ИАЦ) финансирани од Владата, проектот ја започна Програма за развој на капацитетите. Програмата има за цел да обезбеди техничка помош за изградба на капацитетите на ИАЦ за спроведување на истражувања засновани на докази, за изработка на политики и за едуцирање на гласачите за нивните партии.

ИФЕС потпиша Меморандум за соработка со овие политички партии, во намера да се олесни постигнувањето на општата цел на проектот: Демократски и веродостојни изборни процеси со кои се олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција така што им се овозможува на избирачите да ги изберат своите претставници и да ги повикаат на одговорност.

Како дел од долгорочната програма, ИФЕС започна со првиот циклус на предизборни активности скроени по мерка, вклучително и градење на капацитетите во областа на осмислување на истражувањата, анализа и обработка на податоците, и вештини за претставување, вклучително и подготовка на инфографици. Програмата беше креирана и прилагодена во соработка со ИАЦ и политичките партии, врз основа на нивните потреби и потребите на граѓаните.

Преку нивното учество во проектот, претставниците на политичките партии ќе имаат можност да ги научат и видат новите техники и можности за подобрување на развојот на јавната политика, и за комуникација и интеракција со своите гласачи.

Дополнително, откако ќе се заврши техничката помош и тековната поддршка, политичките партии ќе можат да применат приод на програмирање којшто ќе биде повеќе насочен кон граѓаните, за да ги надминат своите етноцентрични наративи и да се ангажираат на развој на политиките, со што изборните процеси ќе станат повеќе претставнички и вклучливи.

Граѓаните ќе бидат подобро информирани и ќе ги повикаат на одговорност своите избрани функционери, со што ќе ги принудат политичките партии да станат повеќе пресретливи и насочени кон граѓаните.